Американската политичарка Хилари Клинтон јавно ѝ изрази поддршка на финската премиерка Сана Марин, која беше снимена како танцува и рапува на забава.

Во својата Твитер-објава, до фотографијата од себе, Клинтон се осврна на славната глумица Џинџер Роџерс и цитат на Ен Ричардс, гувернерка на американската сојузна држава Тексас од 1991 до 1995 година. Ричардс беше првата жена на таа позиција.

Така, Хилари им се придружи на бројните жени од Финска, но и од цел свет, кои на интернет-просторот споделуваа свои видеоснимки и слики како се забавуваат, во знак на поддршка.

„Како што рече Ен Ричардс, ‘Џинџер Роџерс направи сè што правеше и Фред Астер. Само таа го правеше тоа наназад и на потпетици’. Ова сум јас во Картагена, каде што дојдов на средба како државна секретарка на САД. Продолжете да танцувате, @МаринСана!“, напиша Клинтон.

Сана Марин претходно се најде во скандал поради снимка од нејзина приватна забава во друштво, каде што се гледаат и чаши алкохол…

Финската опозиција побара од неа да направи и тест за дрога, што таа и го направи, а истиот беше негативен. Скандалот продолжи кога се појави ново видео на кое Сана танцува со пејачот Олави Усивирта…

И додека едни се воодушевени од однесувањето на премиерката и го сметаат за вистинско освежување, други сметаат дека нејзиното однесување било „несоодветно“ за политичарка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.