Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, денеска ја презеде одговорноста за истрелувањето на десетици ракети врз воена база во северен Израел, јави ДПА.

Израелската армија соопшти дека од Либан кон Израел биле истрелани околу 40 ракети. Некои биле пресретнати од системите за противракетна одбрана, додека други паднале на отворен простор.

Нема извештаи за повредени лица. Од нападите биле предизвика пожари кои се изгаснати и од пожарникарите.

Покрај тоа, дрон со експлозив прелетал преку границата од Либан кон Израел и паднал во реонот на градот Метула, а повредени нема.

Израелските воздухопловни сили, пак, соопштија дека синоќа погодиле цели во Либан.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека четири лица, меѓу кои три деца, се повредени во синоќешниот израелски воздушен напад во североисточниот дел на земјата.

Израелската војска соопшти дека воздушните напади во долината Бека и градот Баалбек биле насочени кон складишта за оружје на Хезболах



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.