Најмалку 10 луѓе се повредени во пукање со огнено оружје на собир на победниците во Супербол – Канзас Сити, соопшти локалната полиција.

Полицијата во Канзас Сити објави дека биле регистрирани пукотници во близина на станицата Унион, каде што само неколку моменти претходно играчите на Канзас Сити – Чифс (американски фудбал) им се обратиле на навивачите.

Секој кој е во близина треба да ја напушти областа што е можно побрзо за да го олесни пристап на медицински тимови за жртвите од пукањето“, објави полицијата на X, поранешен Твитер.

Полицијата соопшти дека „две вооружени лица“ биле приведени по инцидентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.