Палестинското движење Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, објави дека за свој нов лидер го избрало Јахја Синвар, највисокиот функционер во Појасот Газа кој ги организираше нападите врз Израел на 7 октомври. Хамас преку соопштение најави дека го назначува Синвар за нов шеф на своето политичко биро за да го замени Исмаил Ханија, кој беше убиен во Иран минатата недела во напад за кој се сомнева Израел.

Синвар се нема појавено во јавноста од нападот на 7 октомври во јужен Израел, во кој според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе, а беа земени околу 250 заложници и ја поттикна кампањата на Израел во Појасот Газа.

Палестинските здравствени власти во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, соопштија дека во израелските напади загинале речиси 40.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.