Вооружениот огранок на исламистичкиот Хамас, Бригадите Касам, соопшти дека извршил ракетни напади врз поширокото подрачје на Тел Авив, додека израелските медиуми објавија дека повеќе од 20 ракети биле истрелани од Газа кон Израел.

Нападот е „реакција на ционистичките масакри на цивили“ во Појасот Газа, се вели во соопштението на Бригадите Касам. Тие објавија видео во кое соопштија дека користеле ракети М90, пренесе ДПА.

Повеќето од ракетите беа пресретнати од израелскиот противракетен одбранбен систем „Железна купола“. Според службите за итни случаи, првично нема жртви како резултат на гранатирањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.