Индонезиската болница во Газа е претворена од медицински центар во „масовна гробница“, изјави портпаролот на министерството под контрола на Хамас, Ашраф ал Кудра, пренесе Си-Ен-Ен.

Повикувајќи се на персоналот на болницата, портпаролот рече дека има трупови во сите одделенија и дека многу животи се изгубени поради недостиг на залихи.

„Пред мртовечницата има 60 тела“, рече Кудра, додавајќи дека тие ќе бидат погребани во дворовите во болницата. Си-Ен-Ен наведува и повикувајќи се на својот известувач кој се наоѓа во болница во Индонезија дека ситуацијата во таа институција е многу тешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.