Директниот пренос на телевизиската станица во градот Гвајакил беше прекинат од групата која носеше качулки на главата и беше вооружена со пиштоли. Персоналот беше принуден да седне на подот, пред да се прекине преносот во живо.

Вчера во Еквадор започна 60-дневна вонредна состојба, откако од затворска ќелија исчезна најозлогласениот еквадорски криминалец познат по прекарот Фито. Полицијата влезе во телевизијата по 30 минути откако првпат се појавија вооружените напаѓачи.

Националните полициски сили на земјата објавија дека персоналот бил евакуиран од студиото. Инаку најмалку седум полицајци се киднапирани од членови на бандата.

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој ја презеде функцијата пред три месеци како најмлад претседател во историјата на земјата, прогласи вонредна состојба за период од 60 дена, која меѓу другото вклучува и привремена забрана за јавни собири и полициски час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.