Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност“ на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право“.
Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе се координира со своите европски партнери и сојузници во однос на одговорот на оваа одлука, соопшти грчкото МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.