Пожарникарите во Тоскана денеска се борат со шумски пожари поради кој што се евакуираат стотици луѓе и предизвика експлозија на резервоари со гас.

Оваа недела во неколку делови на Италија избувнаа шумски пожари бидејќи температурите продолжуваат да растат. Девет градови во земјата се на највисоко ниво на предупредување, а пет се издадени вчера. Вкупниот број ќе се зголеми на 14 градови до утре, вклучувајќи ги Рим, Милано и Фиренца.

Температури до 40 степени Целзиусови се очекуваат во северните и централните делови на земјата, како и на југот во Пуља и на островите Сардинија и Сицилија. Пожарот што избувна во понеделникот вечерта во Тоскана и денеска сè уште гори во близина на градот Лука, а веќе уништи околу 560 хектари шума.

Околу 500 луѓе биле принудени да се евакуираат бидејќи пожарот се прошири во текот на ноќта, стигна до некои села и предизвика експлозија на резервоари со течен гас, напиша на Твитер регионалниот гувернер Еугенио Џани. „Некои фронтови се зајакнаа поради ветрот“, додаде тој.

Во североисточниот регион Фриули-Венеција Џулија, жителите се повикани да останат во затворени простории поради густиот чад од шумскиот пожар што избувна вчера во областа Карст на границата меѓу Хрватска и Словенија. Поради пожарот, државниот бродоградител Fincantieri ја затвори својата фабрика во пристанишниот град Монфалконе, каде што работат 3.000 вработени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.