Излезноста на француските парламентарни избори до пладне изнесувала 26 отсто, што е најголема бројка во повеќе од 40 години, пренесува Би-би-си. Излезноста е поголема од очекуваната и се чини дека ќе ги сврти трендовите од последните години, истакнува британскиот јавен сервис.

Тоа е зголемување во однос на парламентарните избори од 2022 кога во тој дел од денот биле забележани 18,43 отсто излезени на гласање. „Ова е најголемо ниво од парламентарните избори во 1981“, кажа Метју Гајард, директор на истражување во Институтот за истражување на јавното мислење Ипсос. Зголемувањето особено се однесува на Париз каде излезноста била 25,48 додека во истото време во 2022 била 12,8 отсто, пренесуваат француските медиуми.

Тоа покажува колку е висок влогот во овие избори кои на крајот во една од двете најголеми сили на Европската Унија би можеле би можеле да донесат влада од популистичката десница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.