На Русија и се потребни мигранти за развој поради неповолната демографска ситуација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Проблемот е што имаме многу напната демографска ситуација. Живееме во најголемата земја во светот, но нè има малку, додаде портпаролот на Кремљ.
На 12 ноември, Русија усвои закон со кој се забранува промовирање на начин на живот без деца, со цел да се поправи длабоката криза наследена од советската ера и значително влошена од конфликтот во Украина.
За да можеме динамично да се развиваме, да ги реализираме сите развојни проекти потребна ни е работна сила, подвлече Песков.
Тој додаде дека руските власти можат само да го „поздрават“ доаѓањето на мигрантите во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.