Германска Пошта (Дојче пост) од денеска, по повеќе од 62 години, ги запре летовите за испорака на домашни писма со цел да ги намали трошоците.
Последниот авион со пошта во Германија полета рано утринава од Берлин за Штутгарт, а малку пред тоа започна испораката и од Хановер, Минхен и Штутгарт. На овие летови се транспортирани вкупно 1,5 милиони писма тешки 53 тони.
Германската пошта со децении се потпира на летовите, бидејќи според законот требаше да испорача најмалку 80 отсто од поштата следниот работен ден, додека владејачката коалиција, предводена од канцеларот Олаф Шолц, не го смени Законот за пошти и ги продолжи роковите за испорака.
Авионите со писма првпат полетаа во септември 1961 година, а врвот на сообраќајот беше во 1996 година, кога во 45 ноќни летови во просек беа транспортирани 430 тони писма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.