Цената на европскиот природен гас денеска се намали под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година.

Како што јави германската агенција ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец се намали на 39,65 евра.

Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh.

Големата зависност од рускиот гас доведе до енергетска криза.

Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително се намали. Една од причините за падот е тоа што складиштата за гас се полни, а времето е потопло од вообичаеното.

Сегашниот страв од потенцијална банкарска криза веројатно ќе ги намали цените, бидејќи финансиските кризи генерално имаат негативно влијание врз економијата, што резултира со помала побарувачка за енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.