Кабинетот на данската премиерка Мете Фредериксен денеска соопшти дека ѝ бил исчашен вратот во вчерашниот напад од маж во центарот на Копенхаген.

Учеството на Фредериксен во денешните активности е откажано, а според нејзиниот кабинет, нападот ја потресол, но таа е во добра состојба.

Фредериксен била нападната вчера на плоштадот Култорвет во Копенхаген, кога напаѓачот ја турнал додека поминувал покрај неа.

Мажот (39), кого полицијата брзо го уапси за нападот, денеска треба да се појави на сослушување пред окружниот суд во Копенхаген.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.