Поранешниот италијански премиер Џулијано Амато денеска изјави дека француската армија соборила италијански патнички авион во 1980 година и убила 81 лице, објави Анса!

Амато рече дека авион DC-9 на летот од Болоња до Палермо се урнал во Тиренското Море меѓу островите Понца и Устика на 27 јуни 1980 година, откако Французите го погодиле со проектил за да го убијат либискиот лидер Моамер Гадафи.

 

Планот беше да се удри во авионот во кој патуваше Гадафи, но тој ја избегна стапицата бидејќи Бетино Кракси го предупреди, изјави Амато за дневниот весник La Repubblica.

Несреќата, во која загинаа и тринаесет деца, беше предмет на бројни истраги, тужби и обвинувања, вклучително и тврдења за заговор.

Прес-службата на Елисејската палата запрашана да ја коментира изјавата на Амат, објави дека „нема коментар“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.