Посилна европска соработка во одбраната ќе дејствува како „втора полиса за животно осигурување“ заедно со НАТО алијансата, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне.

Во интервју за германскиот дневен весник Дивелт, Сежурне повика на поголема „стандардизација на вооружените системи на европско ниво“.

Според него, тоа не значи „конкурентни стандарди“ во НАТО, туку „зајакнување на европскиот столб“ на воената алијанса.

„Развојот на европската одбранбена индустрија не треба да биде замена, туку дополнување“ на НАТО…Мораме да склучиме втора полиса за животно осигурување заедно со НАТО“, рече тој.

Извор: МИА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.