Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, сака трошоците за обнова на Украина целосно да ги преземе Европската Унија, објави француската публикација „Valeurs Actuelles“.
„Според републиканскиот проект, кој за да се спроведе неопходни се трилион евра, Европската Унија ќе мора да го финансира обновувањето на Украина“, се наведува во публикацијата.
Авторите на материјалот нагласија и дека Соединетите Американски Држави заработиле значителни средства од производството на оружје, додека европските земји претрпеле големи загуби. Според нивното мислење, во секое сценарио американската страна ќе биде поголемиот победник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.