Франција ќе го заврши повлекувањето на својот воен контингент од Нигер до 22 декември

Процесот на повлекување на француските сили од Нигер се одвива на координиран и целосно безбеден начин“, се вели во соопштението на вооружените сили на Нигер.

По воениот удар во Нигер на крајот на јули, новите лидери на земјата побараа протерување на францускиот амбасадор и најавија откажување на воените договори со Франција, барајќи повлекување на нејзините војници од земјата.

На почетокот на октомври, првата група француска војска го напушти Нигер, а официјален Париз вети дека ќе го заврши повлекувањето на војниците до крајот на годината.

Поради антифранцуските демонстрации во регионот Сахел, Буркина Фасо и Мали исто така ја прекинаа воената соработка со Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.