Руски брод е запленет од француски официјални власти во Ламанш.
Француските власти веруваат дека тоа може да биде поврзано со компанија осомничена за кршење на трговските санкции поврзани со војната во Украина.
Би-Би-Си јави дека француските власти објавиле дека руски товарен брод долг 127 метри наречен „Балтички лидер” што превезувал автомобили бил пресретнат во текот на ноќта од француската морнарица и придружуван до пристаништето Булоњ-Сур-Мер во северна Франција.
Однесен е во француското пристаниште по барање на француската влада, бидејќи постои сомнеж дека припаѓа на компанија што е цел на санкциите на ЕУ против Москва. Екипажот на „Балтички лидер” соработува со француските власти.
Бродот беше запленет утрово. Руската Амбасада бара формално објаснување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.