Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги критикуваше антисемитските акции во Европа.

– Поддршката на тероризмот, антисемитизмот или насилството врз малцинствата е одвратна и нема место во Европа, истакна Лајен за германскиот весник Билд, коментирајќи ги демонстрациите и објавите на социјалните мрежи изминатите недели.

Таа додаде дека отворените демократски општества се голема сила на Европа, но исто така тоа ја прави заедницата ранлива.

– Затоа мораме секаде да се бориме против почетоците на омразата кон оние кои размислуваат поинаку, без оглед дали е на интернет или на нашите улици, посочи Лајен.

Големи пропалестински демонстрации се одржаа во неколку европски главни градови во текот на викендот, поради интензивираните израелски напади врз Појасот Газа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.