Европската унија соопшти дека обезбедила доволно гас за оваа зима, но дека би можело да дојде до недостиг на гас следната година доколку Русија дополнително го намали снабдувањето.

„И покрај сето она што го направивме, сепак би можеле да ни недостигаат до 30 милијарди кубни метри гас следната година“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на прес-конференција, повикувајќи се на податоците на Меѓународната агенција за енергетика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.