Окружниот суд во Хелсинки го казни Туома Пиетилаинен, главен автор на текст од 2017 година „Најтајно место во Финска“, а неговата колешка Лаура Халминен, иако прогласена за виновна помина без казна поради споредна улога во новинарски напис.
Финска со години беше на врвот на листата на земји со најголема медиумска слобода според „Репортери без граници“, но минатата година падна на петтото место на листата од 180 земји, делумно и поради споменатиот случај.
Во извештајот на весникот „Хелсингин Саномат“ биле објавени податоци стари десет години за локацијата и задачите на разузнавачката единица на одбранбените сили, во момент кога Парламентот расправал дали да ги прошири своите овластувања во поглед на надзорот на приватните податоци на дигиталните мрежи.
Судот во соопштение наведе дека весникот и обзнанил на јавноста „информации поврзани со воената разузнавачка служба со ознака строга тајност, а поради финската надворешна безбедност“.
Главниот уредник на весникот, Антеро Мука истакна дека е разочаран од пресудата и дека наспроти благата казна е нанесена штета на слободата на медиумите. Новинарите можат да се жалат на пресудата. Обвинителите побараа условна затворска казна од најмалку 18 месеци за новинарите и за главниот уредник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.