Двајца државјани на Црна Гора се меѓу уапсените во полициска акција „Виртус“ во која се запленети 489 килограми коакин во Уругвај.

Црногорците се најверојатно дел од балканскиот клан, огромна мрежа на организиран криминал која дејствува во Европа.

Се претпоставува дека кокаинот бил произведен во Боливија. Бил спакуван во 450 пакети, на кои биле испринтани ликови од јунаците на „Дизни“, Мики Маус и Плутон. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на 16 милиони долари.

Во акцијата се запленети оружје, стотици илјади долари и аргентински пезоси, три автомобили, камион, два чамци, трактор и осум мобилини телефони.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.