Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали денес референтната каматна стапка на 3,75 отсто, за првпат по 2019 година, и покрај мајскиот пораст на инфлацијата на неочекувани 2,6 отсто.
Во соопштението објавено на сајтот на ЕЦБ се наведува проценката дека инфлацијата ќе остане превисока до следната година.
Инфлацијата во 20-те држави кои го користат еврото изнесувала 2,4 отсто во април, соопшти пред шест дена Еуростат, официјалната агенција на Европската Унија за статистика. Со истражување на пазарот се очекуваше инфлацијата во мај да изнесува 2,5 отсто.
Пред намалувањето на каматната стапка таа изнесуваше рекордни 4 отсто, а со овој потег ЕЦБ им се придружи на централните банки на Канада, Шведска и Швајцарија во намалувањето на каматните стапки по серијата зголемувања, најголеми во поновата историја.
„И покрај напредокот во последните тримесечја, домашните притисоци врз цените и понатаму се силни поради растот на платите, па инфлацијата веројатно ќе остане над целта и во текот на следната година“, соопшти ЕЦБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.