Европејците се склони кон лути зачини, а најмногу купувале ѓумбир увезен од Кина, покажуваат податоците на Европскиот статистички институт (Евростат) за 2023 година.

Минатава година Европската Унија увезла 397 илјади тони зачини, од кои најголем дел од Кина (38 отсто), пренесува „Хина“.

На прво место е ѓумбирот со увезени 122.900 тони. Следат пиперката и биверот со 109.000 и 62.900 тони. На четврто место е циметот со 16.200 тони увезени од Индонезија како главен снабдувач. Куркумата го зазеде петтото место на рангирањето, а најмногу се увезува од Индија.

Египет бил главниот снабдувач на анасон и сродни зачини.

ЕУ главно увезувала семе од ким од Индија, семе од коријандер од Русија и морско оревче од Индонезија.

Од 2012 година увозот на зачини е зголемен за 57 отсто, соопшти Евростат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.