Вториот терминал на аеродромот Хитроу во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат британските медиуми. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како патниците го напуштаат терминалот, како и амбулантни возила паркирани надвор и полиција со кучиња трагачи. Засега не се знае ниту дали некои летови се одложени или откажани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.