Европската унија се согласи да воведе построги правила за идната употреба на вештачката интелигенција (ВИ), јави ДПА.

Преговарачите од Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ се согласија за закон за регулирање на вештачката интелигенцијавчеравечер во Брисел по долги преговори, во она што парламентот го опиша како прв закон во светот од ваков вид.

Европската комисија го предложи законот во април 2021 година. Според ова, системите за вештачка интелигенција треба да се категоризираат во различни ризични групи.

Колку се поголеми потенцијалните ризици на апликацијата, толку повисоки треба да бидат барањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.