Европската Унија ќе донира повеќе од пет милиони таблети против радијациско зрачење на Украина, поради зголемените стравувања од несреќа во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје.

Нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили од март и неодамна беше цел на вооружени напади од украинските сили.

Во некои области, украински официјални лица веќе делат апчиња кои можат да го спречат телото да апсорбира радиоактивен јод, објави Би-Би-Си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.