Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија.
Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа.
Таа додаде дека во блиска иднина, малку е веројатно оти централната банка ќе може со сигурност да каже дека каматните стапки го достигнале врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.