Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија.
– Најавата на американскиот претседател Бајден дека ќе покрене нова иницијатива за прекин на огнот во Газа е многу задоцнет, но важен чекор, истакна Ердоган на заедничката прес-конференција со султанот од Оман Хајтам бин Тарик што се одржа во Анкара.
Еден ден по воспоставувањето на прекинот на огнот меѓу Либан и Израел по повеќемесечните прекугранични борби Ердоган изјави:
Регионалниот и глобалниот мир не може да се постигне доколку не се воспостави итен, праведен, траен прекин на огнот во Газа. Нема да се двоумиме да направиме сè што е во наша моќ за да ги вратиме мирот и благосостојбата во Газа.
Зборувајќи за односите меѓу неговата земја и Оман, Ердоган посочи дека Анкара има намера да го зголеми обемот на трговската размена со Оман на пет милијарди долари.
– Од 2025 година ќе почнеме со испорака на течен гас од Оман, со што ќе влеземе во новата фаза на нашата енергетска соработка, рече Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.