Поранешниот директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи, бил хоспитализиран поради инфекција со вирусот Западен Нил и сега се опоравува дома, изјави денеска неговиот портпарол.

Портпаролот додаде за ABC News дека се очекува Фаучи целосно да закрепне.

Фаучи работеше до 2022 година како директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој управуваше со кризата за време на пандемијата Ковид-19.

И покрај неговото пензионирање од ЦДЦ, републиканците во Домот во јуни го повикаа Фаучи на сослушување за неговите постапки за време на пандемијата, а републиканските пратеници го обвинија лекарот дека го прикрива потеклото на вирусот.

Фаучи ги негираше тие наводи, велејќи дека тие се „едноставно бесмислени“, се сеќава Гардијан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.