Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека од синоќа блокирал профили на Твитер на корисници поради лажни предвидувања за земјотрес, но и политички и навредливи коментари.

Повторно блокиравме многу профили во последните неколку часа, повторуваме дека нашата политика е да не се користи нашата апликација за да се предвиди земјотрес, бидејќи такво нешто не постои. Исто така, не оставајте политички или навредливи изјави или ќе бидете блокирани. Ви благодариме – напиша ЕМСЦ на Твитер.

На подрачјето на Херцеговина, по синоќешниот земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта се регистрирани повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.