Една од најгледаните телевизии во САД, Ем-ес-ен-би-си, одлучи да не емитува во живо од обраќањето на експретседателот Доналд Трамп синоќа на донаторска средба во Њу Џерси одржана по расправата во федерален суд во Мајами каде тој се соочува со повеќе обвинувања за незаконско ракување со класифицирани материјали.

Си-ен-ен пак изврши проверка на фактите на говорот на Трамп.

Плаќаме висока цена за емитување невистини, изјави водителката Рејчел Медоу во својата емисија.

Трамп „дава јавни забелешки како на првото негово апсење и појавување пред суд во Њујорк во април кога беше обвинет по 34 точки за извршени криминални дела. Сега вечерва, кога беше задржан пред федерален суд тој повторно говори пред публика подржувачи кои се собрани на донаторски митинг во неговата летна викенд куќа во Њу Џерси,“ изјави Медоус.

Ова ќе биде уште еден кампањски говор и поради тоа немаме намера да емитуваме во живо. Како што рековме и претходно, постои цена за нас како медиум свесно да емитуваме невистинити работи. Овде сме да ви даваме вести, и тоа би било нарушено ако го емитуваме во живо тоа што целосно очекуваме однапред дека ќе биде литанија од лаги и лажни обвинувања, без разлика кој го говори тоа, изјави таа.

Си-ен-ен изврши пороверка на фактите од говорот на Трамп. Неколку од тие проверки укажуваат дека следните изјави на Трамп се лаги.

Трамп тврди дека документите што ги имал во Мар-а-Лаго се „негови документи“, и дека тој „имал секакво право“ да ги поседува согласно Законот за претседателски записи. Согласно овој закон сите претседателски записи стануваат сопственишто на владата во моментот кога претседателот ќе ја напушти Белата куќа.

Трамп тврди дека според тој закон имал право да преговара со Националната архива и администрацијата за записи (НАРА) за враќање на официјалните документи по крајот на неговото претседателство. Неточноста на ова тврдење е дека откако претседателот ќе ја напушти функцијата, НАРА е тој орган што веднаш ги прибира и засолнува претседателските документи.

Неговите тврдења дека претресите на Федералното биро за истраги (ФБИ) во Мар-а-лаго биле противуставни исто е неточно, бидејќи претресите се извршени под налог одобрен од независен судија кој утврдил дека обвинителите имаат легална основа да извршат претрес.

Ниту еден претседател не зел со себе во такви количини и не се ангажирал во толку продолжително држење на документит и одбивање да ги врати како Трамп, посебно не после од Роналд Реган донесениот закон за претседателски записи во 1980-те. Тоа биле поединечни случаи од неколку земени папки, како последните со Џо Бајден и Мајк Пенс како потпретсеатели, за што се откри дека тие и не знаеле дали папките содржат или не класифицирани материјали. Трамп, напротив, со себе одзеде можеби стотина кутии со папки преполни со класифицирани и строго тајни документи.

Експретседателот тврди дека неговиот наследник Џо Бајден има улога во обвинувањата, и дека ова е политички лов на вештерки бидејќи неговиот противкандидат на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, не беше обинета за лошо ракување со класифицирани документи, односно за фамозното протекување на мејлови од нејзиниот приватен сервер.

Повторно, Трамп со себе зеде многу повеќе материјал, додека во случајот со Клинтон, обвинителите не нашле докази дека таа имала намера да делува незаконски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.