Во експлозија којашто одекнала во фабрика за чоколада во американската сојузна држава Пенсилванија загинале најмалку пет луѓе, а шестмина се водат за исчезнати додека спасувачите ги пребаруваат урнатините, објави во саботата тамошната служба за итни случаи.
Началникот на полицијата Вејн Холбен изјави дека експлозијата уништила една зграда и го оштетила соседниот објект. Според него, експлозијата била толку силна, што некои соседни полесни објекти биле отфрлени за четири метри.
Експлозијата се случила во петокот околу 17 часот по локално време, во фабричкиот дел на компанијата „R.M Palmer“ во Вест Ридинг, на 97 километри северозападно од Филаделфија, објави агенцијата за итни ситуации на Пенсилванија (PEMA).
Агенцијата објави дека по завршувањето на спасувачката операција ќе биде спроведена истрага поради утврдување на причините за експлозијата. Во прелиминарниот извештај за инцидентот се споменува истекување гас.
Во локалните болници се пренесени седум повредни. Од PEMA не објавија поединости за потрагата по исчезнатите и спасувањето на настраданите.
На снимките објавени во локалните медиуми и на социјалните мрежи се забележуваат голем облак црн чад. Се истакнува дека компанијата и производствениот комплекс се наоѓаат во центарот на градот.
Компанијата „R.M Palmer“ е основан во 1948 година. Вработува околу 850 луѓе и произведува 500 различни производи од чоколада и сдруги видови слатки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.