Во Австрија непрестано расте бројот на новозаразени со кoрона вирус и експертите очекуваат дека тоа ќе го зголеми бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците.
Конзорциумот за ковид прогнозата ја заснова на тоа дека бројот на новозаразени и понатаму ќе расте, а во средата тој беше само нешто помал од 60.000.
Кон крајот на месецот се очекува бројот на пациенти заболени од Ковид-19 на интензивна нега ќе биде 300, а на „нормалните“ одделенија околу 4.000.
Експертите уште идната недела очекуваат дека бројот на ковид-пацеинти ќе се зголеми до 3.900, а за 14 дена дека ќе има и по повеќе од 4.000.
Инаку, во болниците ширум Австрија на лекуавње се 2.812 пациенти заболени од Ковид-19.
Кога се зборува за интензивна нега, сега таму лежат 221 тешко заболени пациенти,а с е очекува следната среда да има над 300.
Што се однесува до новозаразени за следната среда се предвидуваат над 69.000.
Австрија на 5 март ги укина речиси сите мерки и од тогаш има драстичен скок на бројот новозаразени, поради што се погласни се повиците за враќање на строг курс, кој единствено се задржа во Виена.
Денеска во Австрија забележани се 52.045 новозаболени, за разлика од вчерашните повеќе од 60.000.
Расте и бројот на ковид-пациенти во болниците, 3.086.
Активни се 433.407, што е 4,8 отсто од вкупното население на Австрија.
Речиси секој 20-ти жител на Австрија е заразен. Само минатата недела од Ковид-19 заболеа 313.821 лице.
Во последните 24 часа, од Ковид-19 починаа 31 пациент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.