Серија експлозии одекнаа изутринава во Харков и Запорожје, соопштија локалните власти.
Проектили погодија индустриски објект во Харков, информираше градоначалникот Ихор Терехов. Како што појасни тој, спасувачите допрва треба да го утврдат обемот на штетата и дали има загинати лица.
Според регионалниот гувернер на Харков, Олех Синегубов, повредени се петмина. Информациите за експлозиите во Запорожје ги сподели регионалниот гувернер Олександр Старух. Засега нема повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.