Премиерот на Словачка Едуард Хегер во недела на 7 мај изјави дека поднел оставка и нема повеќе да раководи со техничката влада во услови на политичка криза.
Претходно пратениците во Собранието во декември и изгласаа недоверба на четирипартиската коалиција на Хегер. Па неговата задача беше да раководи со привремена влада до одржувањето на изборите кои се закажани во септември. Но, тој денеска се повлече од функцијата на само пет месеци до изборите.
„Побарав од претседателот да ми го одземе мандатот“, им рече Хегер на новинарите.
Тој вети дека ќе ги координира своите одлуки со претседателката Зузана Чапутова, со која треба да се сретне подоцна во недела.
„Ќе му оставам на претседателот да се обиде да ја доведе Словачка на слободни и демократски избори со привремена влада“, рече Хегер.
Редовните избори во Словачка требаше да се одржат во февруари 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.