За време на 19-от Самит на Движењето на неврзаните, во главниот град на Уганда, Кампала, лидерите на земјите-членки ја осудија воената кампања на Израел во Појасот Газа, јавија британските меидуми.
Движењето, во кое членуваат 120 земји, повика на итен прекин на огнот во палестинската енклава.
На состанокот во Африка присуствуваат лидери на држави и високи претставници на земјите од Движењето, официјално основано во 1961 година од земји кои не сакаа да се приклучат на ниту еден од двата завојувани блока за време на Студената војна – западниот и источниот.
-Од 7 октомври, ние сме сведоци на еден од најбруталните акти на геноцид што историјата го видела, рече кубанскиот потпретседател Салвадор Валдес Меса во својот говор на форумот. „Како западните земји кои тврдат дека се толку цивилизирани го оправдуваат убивањето на жени и деца во Газа, криминалното бомбардирање на болниците и училиштата и прекинувањето на пристапот до чиста вода и храна“, праша тој реторички.
Претседателот на Африканската унија, Муса Факи Махамат повика на итен прекин на „неправедната војна против палестинскиот народ“.
Во своето обраќање до учесниците на форумот, претседателот на Јужноафриканската Република, Цирил Рамафоса, кажа дека војната во Газа покажа како Обединетите нации, а особено Советот за безбедност, не постапуваат во согласност со ситуацијата. Тој посочи дека САД во неколку наврати го искористиле своето право на вето на гласањето на резолуциите што влијаат на акциите на Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.