Семејство кое на старо купило оставени предмети на гаражна продажба во два куфери открило остатоци од деца. Телата на мртвите деца се најдени од семејство во градот Окланд во Нов Зеланд. Телата беа откриени минатата недела, но тамошната полиција не откриваше детали до денеска.

-Ќе биде крајно вознемирувачки за заедницата, но може да потврдам дека станува збор за тела на две мали деца. Од пост-мортем прегледот утврдено е дека се на училишна возраст, но немаме податоци за точната возраст. Телата беа скриени во куфери со слична големина, изјави инспекторот Тофилау Фааманиа Вааелуа, детектив во полицијата на Нов Зеланд.

Според полицијата, првичните индикации се дека децата биле починати неколку години пред да бидат пронајдени минатата недела. Исто така торбите во кои се најдени биле во складиште повеќе години. Формалната постапка за идентификација е во тек, се бараат роднини на децата во Нов Зеланд за ДНК проверка, а известен е и Интерпол.

Истрагата треба да открие каде, како и кога починале децата. Најголем шок бил за семејството кое ги нашло во работите купени на аукција. Тие сигурно не се вмешани во случајот, соопшти полицијата.

Истражниот тим работи многу напорно за да ги изведе пред правдата, лицето или лицата одговорни за смртта на овие деца, изјави Ваалеуа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.