Две девојчиња на возраст од седум и 12 години и четири жени се повредени синоќа при пукање пред црквата во која се одржувала погребна служба, недалеку од лондонската железничка станица Еустон, соопшти британската полиција.
Седумгодишно девојче е тешко повредено и е пренесено во болница во критична состојба, а хоспитализирани се и жените, јавија светските агенции.
– Во тек е итна истрага и се уште се собираат детали за овој инцидент. Засега нема уапсени – соопшти лондонската полиција.
Според првите наоди од истрагата добиени врз основа на снимките од надзорните камери, истрелите биле испукани од возило во движење кое потоа го напуштило местото на инцидентот.
„Дејли мејл“ објави дека жртвите биле меѓу луѓето кои присуствувале на погребот во црквата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.