Руската Државна Дума усвои закон со кој на учесниците во воената операција во Украина им се дава статус на воени ветерани.

Претходно овој статус, што овозможува различни бенефиции, но и месечни примања, го имаа ветераните од војната во Авганистан, Чеченија и Сирија.

Нацрт-законот беше предложен од владејачката партија „Единствена Русија“.

Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, изјави дека олеснувањата се однесуваат на плаќање данок, транспорт, катастарски и комунални обврски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.