Финската социјалдемократска премиерка Сана Марин го призна поразот на парламентарните избори вчера, откако нејзината партија заврши на третото место зад централно-десничарските и крајнодесничарските партии, кои постигнаа рекордни резултати, пренесе АФП.

Му честитам на победникот на изборите, ѝ честитам на (конзервативната) Национална коалициска партија, ѝ честитам на (екстремно десничарската) Партија на Финците. Демократијата проговори, им рече Марин на своите поддржувачи.

Лидерот на финската централно-десничарска партија Петри Орпо победи на парламентарните избори, со второ место на крајнодесничарската партија Вистински Финци, пред социјалдемократите на премиерката Сана Марин, кои беа на третото место.

Со преброени 96 отсто од гласовите, партијата на десниот центар доби 48 од 200 места во парламентот, екстремната десница – 46, а социјалдемократите – 43.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.