Руската државна новинска агенција ТАСС јавува дека самопрогласените републики Доњецк и Луганск, кои беа анектирани од Русија, денеска донесоа нови „устави“.

Лидерот на Доњецк Денис Пушилин изјави дека ова е историски настан.

„Оваа етапа го означува враќањето на Донбас во скутот на руската културна и историска традиција, исполнувањето на нашите надежи, постигнувањето на целта кон која се стремиме долги осум години“, рече Пушилин, пишува ТАСС.

„Во Доњецк 76 пратеници присутни на состанокот гласаа за усвојување на уставот, а во Луганск парламентот го усвои новиот устав на републиката со едногласно гласање од 43 пратеници“, јави ТАСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.