Мирот е можен само по победата. Оваа песна е за сите, кои се креваат со оружје за да ја заштитат Украина и нејзиното право на постоење. Ти си тој, кој носиш мир? Поддржете ја украинската армија! Поддржете ја песната, што ја гледате на YouTube!

Со овие зборови на Тик-ток мрежата младата Украинка, Христина Сововој, ја промовираше украинската верзија на италијанскиот партизански хит од времето на Втората светска војна „Бела чао“. Песната стана симбол на отпорот против Хитлер и нацизмот и е препеана на многу јазици во светот, а еве сега и на украински. Таа станува хит и симбол за подигање на моралот и духот на украинската борба за слобода и независност од Кремљ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.