Колумбиската армија заплени и уништи околу осум тони кокаин во лабораториите во Кауки и во Нарињо.
Во првата операција откриени се 3.800 килограми кокаин, повеќе од 11.356 литри хемикалии и 3.900 килограми цврста супстанција. Лабораторијата во Нарињо припаѓала на Националната ослободителна армија позната како „Хаиме Тоњо Обандо“.
Во акцијата во Кауки уништена е лабораторија во која имало 3.500 килограми кокаин, над 400 килограми кокаинска смеса и која и 22.712 литри хемикалии. Лабораторијата била на вооружената група ГАО-р Еструктур Хаиме Мартинез
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.