Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека наскоро ќе дојде „вистинското време“ за телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Последен пат лидерите на двете земји комуницирале на 2 декември 2022 година. Шолц во неколку наврати изјави дека ќе комуницира со рускиот лидер дури кога ќе дојде „вистинското време“.

За време на интервјуто за германскиот ТВ канал АРД, Шолц, на прашањето кога ќе дојде „вистинското време“, одговори: „Наскоро“.

Тој објасни дека на ова треба да му претходат бројни контакти кои ги остварува подолго време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.