Дизниленд во Шангај стана најновата жртва на „нула-ковид“ политиката на Кина, принудувајќи го паркот да ги затвори портите и заробувајќи ги посетителите внатре, јави „Би-би-си“.
На луѓето им е кажано дека нема да им биде дозволено да излезат од забавниот парк додека не покажат негативен тест. Тоа доаѓа откако Шангај пријави 10 случаи во саботата. Контроверзната политика на Кина за „нула-ковид“ веќе забележа милиони луѓе постојано затворени, понекогаш на необични локации.
Во ненадејните заклучувања имаше луѓе што бегаа од продавниците и од работните места за да не бидат заробени внатре.
Се додава дека секој што го посетил паркот од четвртокот, мора да обезбеди три негативни резултати од тестот во три последователни дена. Предвременото затворање доаѓа само по два дена откако паркот почна да работи со намален капацитет за да се усогласи со ковид-мерките.
Сепак, оние што ја чекаат својата слобода во Дизниленд во Шангај можат да се утешат со една позитивна работа: возењето продолжува да функционира за оние што се заробени во „најсреќното место на Земјата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.