Украинскиот дипломат Олександр Сенченко (56) почина под мистериозни околности на длабочина од 1,5 метри.

Сенченко работеше како највисок претставник на Киев во Ерменија. Тој е пронајден мртов во планинското езеро Севан, на 2.000 метри надморска височина. Тој беше пронајден мртов во водата на околу 25 метри од брегот во вода длабока само 1,5 метар и топли 22 степени. Спасувачите го извадиле неговото тело со чамец, но болничарите не можеле да го оживеат. Украинските власти рекоа дека „не знаат дали неговата смрт е природна“.

Ерменија е земја која има блиски односи со двете завојувани страни, Русија и Украина. Сенченко работел во амбасадата за да помогне во блокирањето на Русите кои се обидуваат да ги заобиколат санкциите наметнати од Западот, пишува британски Сан. Ерменија од Русија ја дели само соседна Грузија. Министерството за надворешни работи на Украина со „длабока тага“ соопшти за смртта на „искусен и висококвалификуван дипломат“, без да ги коментира околностите на неговата смрт.

– Дежурните спасувачи на јавната плажа во Севан во неделата во 20 часот и 17 минути забележале исчезнување на маж кој пливал во езерото. Спасувачите го извлекле мажот од водата, но Брзата помош констатирала смрт – соопшти ерменското МВР.

Околностите за смртта на Сенченко остануваат нејасни, но голем број личности од висок профил поврзани со Русија загинаа во чудни околности од почетокот на војната во Украина. Имаше шпекулации дека тајната рака на Кремљ можеби е вмешана во барем некои од смртните случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.