Седум лица се хоспитализирани и се во критична состојба откако биле затруени со јаглерод моноксид во хотел во градот Мерисвил, Охајо, соопштија денеска локалните власти.
Шефот на спасувачката служба Мерисвил, Џеј Рајли за локалните весници изјавил дека изворот на јаглерод моноксид не е познат, но познато е дека сите хоспитализирани биле во делот на хотелот каде се наоѓа базен. Тој рече дека меѓу затруените има и деца и возрасни.
Набрзо по инцидентот хотелот бил евакуиран, а покрај лицата кои биле хоспитализирани, помош на лице место добиле и двајца, додека потоа помош побарале уште седум, па последиците од труењето ги почувствувале вкупно 16 лица.
Градот Мерисвил се наоѓа на 50 километри северно од Колумбус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.