Со средби на претставници на Европската комисија и на белгиската Влада попладнево во Брисел ќе се одржи официјална инаугурација на претседавањето на Белгија со Советот на Европската Унија.
Како што соопшти Европската комисија, еврокомесарите со ресорните белгиски министри прво ќе разговараат за приоритетите на Белгија во претседавањето со ЕУ, за Стратешката агенда на Унијата, како и за работната програма на Комисијата, по што ќе се одржи пленарен состанок со кој ќе претседаваат претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и на белгискиот премиер Александер де Кро.
Инаугурацијата ќе заврши со официјалното отворање на Палатата на фини уметности во Брисел, при што Фон дер Лајен ќе одржи краток говор во спомен на неодамна починатиот поранешен претседател на Европската комисија, Жак Делор, по што ќе се одржи прием во организација на белгискиот крал Филип и кралицата Матилда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.